Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил, кој амбасадоруваше и во Македонија од 1996 до 1999 година, одби да ја коментира неофицијалната посета на косовскиот премиер Албин Курти на Македонија, која предизвика жестоки реакции во македонската јавност.
„Ќе оставам на вашата фантазија што мислат луѓето за настанот во Тетово или прашајте некој друг“, рече Хил на прес-конференција на новинарско прашање за посетата на Курти на скопски Чаир и на Тетово, кога се вееше знаме на Голема Албанија, беа истакнати знамиња само на Албанија и на Косово, не и на Македонија, а притоа се интонираше само албанската химна, а не и македонската.






