На снимката која читател на „Инфомакс“ ја направил во Мала Преспа, каде и што се наоѓа месноста „Казан“, ја покажува сериозноста и алармантноста на ситуацијата со Преспанското Езеро.



Понорот „Казан“ е место каде што Преспанското езеро се одлева, а оттаму под Галичица се влева во Охридското езеро. Во нормални услови овој понор би бил од 50 до 70 метри под вода. Впрочем, оваа точка во Преспанското езеро е и најдлабоката точка.

Според мештаните, Преспанското езеро е доведено до оваа состојба благодарение на незаинтересираноста на државата да го спречи неконтролираното испумпување на водата во соседна Албанија и Грција, каде тамошните земјоделци ги полеваат сопствените ниви.

(Инфомакс)

https://youtu.be/Z2JLwu6i0IU