Комисијата за заразни болести денеска ќе одлучува околу задолжителното носење маски во училиштата, откако скринингот покажа дека нема широка распространетост на вирусот во образовните установи.



Од над 2.000 тестирани помалку од 1 процент ученици биле позитивни.

„Според досегашните резултати сметаме дека нема потреба да се продолжи со скринигнот, затоа што ја постигнавме целта. Баравме од овој скрининг да видиме колкав е процентот на новоинфицирани деца, гледаме дека бројката е многу мала, 0,8 отсто, така да нема потреба од продолжување со скринингот.

Секојдневно ги следиме бројките, така да сметаме дека сме во фаза ан смирување на четвртиот бран“, изјави министерот за здравство Беким Сали.

Од ИЈЗ вчера информираа дека се намалува бројот на заразени, починати и хоспитализирани од Ковид-19. Минатата недела се регистрирани 3.702 нови позитивни случаи, што е намалување од 39,5 отсто во однос на претходната седмица.