Постои ли опасност Макеоднија која целата количина ја увезува од Русија да остане без гас во текот на есента и зимата?
Ова прашање станува актуелно откако официјално Скопје не дозволи прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на пат кон Белград а висок руски функционер сугерира да не се доставува гас до земјите кои не го пропуштиле авионот на Лавров.
,,Македонија, Црна Гора и Бугарија, кои не дадоа дозвола за летање со авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, треба да престанат да се снабдуваат со руска енергија”, смета првиот заменик-претседател на Комитетот за меѓународни прашања на Советот на Руската Федерација Владимир Џабаров.
„Значи, рускиот природен гас што го добиваат тие земји за нив апсолутно не е отровен, додека летот на авионот со рускиот министер е причина за сериозна загриженост. Прашањето е, можеби тие земји воопшто не треба да се снабдуваат со руска енергија?“, напиша Џабаров на својот Телеграм канал.
Колку е по вас изјава – закана кон Македонија и другите земји веродостојна може да се заклучи од тоа што изјавата на Џабаров ја пренесува државниот руски медиум Спутник.
Речиси 100 % проценти од гасот кој во Макеоднија се користи во индустријата и загревање на системите за парно греење е од Русија.
Нак краток рок Макеоднија не може да го замени рускиот гас што може да предизвика сериозни проблеми за економијата и граѓаните особено во сезоната на загревање на домовите.






