Ќе останат ли работници? Германија ги олеснува процедурите за работна дозвола

Германија кубури со стручен кадар, па од денеска ги олеснува критериумите за дозвола за работа. Влез во земјата сега ќе биде дозволен и без познавање на јазик и без проверка на приоритет за одредено работно место, а не како до сега кога предност за одредена позиција имаа германците и европејците.
Македонците во голем број купија карта во еден правец, особено стручните кадри затоа државата мора да стори нешто за да ги задржи , велат од Занаетчиската комора.
– Ако бараме занаетчија, чекаме со термин. 80% отидоа во други држави да работат. Мора да ги задржиме останатите, Владата мора да најде начин, преку субвенции или слично. Мора добро да ги платиме ако сакаме да останат, вели Агрон Фалији, претседател на Занаетчиска комора на северозападна Македонија.



Кадар недостасува и во регионот. Хрватска има потреба од 150 илјади работници. Со влезот во Унијата голем број млади ја напуштиле државата и сега мора да ја увезуваат.

– Со влезот во Еврсопака Унија дури 230.000 млади заминаа од Хрватска. Тоа е неминовно и ги чека сите земји кои ќе влезат во Унијата, изјави Далибор Кратохобил, претседател на Хрватска Комора на занаетчии.
Кадар нема доволно ни дома, двојно е зголемена квотата за работни дозволи од 5 на 10 илјади странски државјани.
Извор : https://sitel.com.mk/kje-ostane-li-zemjava-bez-rabotna-sila-od-deneska-polesno-do-rabota-vo-germanija