Доколку се утврди дека возрасното население нема имнунитет на Ковид-19, можно е мерките за ограничено движење за нив да траат до крајот на годината, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче.



„Планот е да го направиме веднаш по попуштањето на мерките или некаде на лето со цел да го процениме имунитетот на пример на возрасните над 65 години, на децата во школска возраст или на работоспособното население. Тоа ќе ни биде показател како да се димензионираат мерките, помалку или повеќе рестриктивни, по возрасни групи тогаш кога евентуално би сметале дека може да се соочиме со повторен пик на болеста.

(…)

Доколку се утврди дека повозрасното население над 65 години нема имунитет може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време, до крајот на годината. Тоа ќе ни биде еден од показателите“, рече Филипче.