Директорот на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека нема да биде склучен договор со АД „Топлификација“ во стечај кој е мнозински сопственик на АД „Скопје Север“, доколку не ги исполнат обврските од минатата грејна сезона.



Тој денеска објасни дека од Владата како акционерско друштво добиле задача да го регулираат односот со Топланата Скопје Север за да можат околу 500 домаќинства во населбите Бутел, Чаир и Топанско поле да имаат парно греење, но тоа нема да се случи ако не наидат на соработка од другата страна, пренесе РСЕ.

Ковачевски се пожали дека АД Скопје Север минатата грејна сезона не го почитувал договорот, односно не ги исполнил обврските кон АД ЕСМ.

ЕСМ минатата година за половина сезона како помош на сметка на „Скопје Север“ уплатила 425 илјади евра кои се уште не се вратени.

„Средствата од минатата грејна сезона се уште не се вратени на наменската сметка на ЕСМ, не се потпишани никакви обврски никакви обврски.

Греењето кон граѓаните е испорачано, сметките се испорачани, граѓаните си ги платиле своите сметки, но парите се уште не се вратени на наменската сметка на ад ЕСМ“вели првиот човек на ЕСМ.