Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација „Македонија“, со нова објава на социјалните мрежи дека награда од 200 евра за името на македонскиот полицаец.



Министер од СДСМ го откри името на македонскиот полицаец за чие име бугарски радикал дава награда од 200 евра

Статусот со „потерница“ на Фејсбук, по случувањата на македонско-бугарската граница на 4 февруари кога тројца бугарски граѓани беа приведени, беше блокиран, но од пред два дена заканата е повторно објавена.

Веднаш по првата објава Министерството за внатрешни работи испратило известување до Јавното обвинителство. Од обвинителството сега пак велат дека по проверките ќе се одлучува дали според македонското законодавство има кривична одговорност.

Објавата на Стојанов веднаш беше протолклувана како отворена закана за македонскиот полицаец.

Стојанов бе главниот организатор на чествувањето на Мара Буневе во Скопје, ги повикуваше Бугарите во голем број да додјат на гробот на Гоце Делчев, носи бугарски историски книги во Македонија, организира настава на бугарски јазик за децацво земјава…