Пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, сопственик на „Пуцко петрол“ е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура.



Потврда на информацијата дојде и од Собранието. Извори од Собранието за ТВ 24 велат дека Јахоски последен пат бил на работа во средата на Комисијата за финансирање и буџет.

Талат Џафери го информирал претседателот на Комисијата за заразни болести и се прави епидемиолошка анкета на пратеници.

Од ДУИ засега молчат за случувањата со Јахоски и кој поради контакт со него ќе оди во изолација. 

На 12 октомври Собранието треба да продолжи со работа доколку се добие дозвола од Комисијата за заразни болести. 

Од пратеничката група на СДСМ за ТВ 24 велат дека уште во вторник тие повторно на маса ќе го стават барањето за онлајн заседавање на Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ досега се противеше на оваа опција. Инаку поради коронавирусот и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа на работа уште од Седницата за избор на заменици министри.