Ќе објави ли Героски денеска кои се Кики и Фрики?

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека за него не постојат „Кики и Фрики“ и порача „кога ќе ги соопштите со име и со презиме, јавно, за да можат да ве тужат, вас новинарите или слично, тогаш ќе разговараме за име и за презиме“ во саботата се одѕва новинарот Бранко Героски кој порача:



„А, в понеделник ќе ви кажам кои се…“

Героски, во серијалот за „рекетарската банда“ објави скандалозни детали за  рекет и уцени од страна на група предводена од извесниот „Коки“, лик во кој се препозна сега веќе притворениот Боки 13.

За Кики и Фрики Героски откри дека се политичари и дел од владејачката гарнитура и им порача, пред да ги објави имињата, сами да одат и да се исповедаат кај Заев и да се јават во ЈО.

Героски,  наговести дека „Фрики е госпоѓа, висок функционер и во невладината организација на Коки, која служела за формално покривање на милионскиот рекет. Самиот тој факт ја прави госпоѓата објективно одговорна за овие злодела“

За Кики, вели дека е „висок функционер во СДСМ. Самиот Коки, во последното интервју на својот медиум(1Тв), го нарекол ‘добар пријател’ или ‘другар’“.