И покрај изјавите од грчката влада дека (ќе) има мнозинство од над 151 пратеник кои ќе гласаат „за“ ратификација на преспанскиот договор во грчкото собрание, извесно е само дека сигурни се само 145 пратеници на партијата на Алексис Ципрас, СИРИЗА.



По контроверзните и заканувачки изјави на коалициониот партнер Панос  Каменос дека неговите „Независни Грци“ нема да гласаат за договор кој во името на соседната држава допушта термин „Македонија“, владата ќе бара сојузници/подржувачи за договорот од редовите на другите грчки парламентарни партии.

„Иефимирида“ пишува дека „теоретски“ Ципрас може да смета на 4 пратеници на партијата „Потами“ на Ставрос Теодоракис кој пак жестоко реагираше на изјавите на Зоран Зев (за постоење на егејски македонци во Грција и за можноста тие да го учат македонскиот јазик –н.з.)

Поддршка на договорот, би дал и пратеникот на „Независни Грци“(АНЕЛ) Танасис Папаристопулос, кој, како и уште една пратеничка… Но,  весникот потсетува дека Каменос и Ципрас постигнале договор никој од пратениците на АНЕЛ „да не биде вклучен на исборните списоци на СИРИЗА“ (како награда ако гласаат за преспанскиот).

„Со прашалник“, Катерина Папакоста и Танасис Теохаропулос од ДИМАР (Демократска левица) најверојатно ќе гласаат за Преспанскиот договор.

„Во секој случај, пресметките во корист на владата се неверодостојни за договорот да биде одобрен од 151 и можно е следниот чекор на Алексис Ципрас да биде закажување на предвремени избори во март“.