Протестот насловен „Излези против владеење на мафијата“, е најавен за утре против изградбата на спорната 17-катница за 2.000 жители среде болничкиот комплекс на Воена болница во Скопје.



Зградата ќе никне на просторот зад бензинската пумпа на „Макпетрол“ и поликлиниката „Букурешт“.

Протестот ќе се оддржи на платото пред СЦ „Борис Трајковски“, во близина на на раскрсницата на булеварите 8 Септември и Илинденска, дознава Сакам Да Кажам.

Протестот е реакција откако градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски  вчера ја потпиша градежната дозвола за изградба на зграда со 2.000 жители и најмалку 1.000 автомобили.

Дозволата од вчера, 1 февруари, е правосилна и градежникот „ЗСФ Ком“ веќе на терен се подготвува за почеток на градба.

Организаторите на протестот „Независни за Карпош“, велат дека е крајно време да се стави крај на мафијашкото однесување и уништувањето на градот.