Ако производителите сами не ги намалат, ќе следува замрзнавење на цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Министерот истакна дека анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.
„Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити.
Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.
Денеска Владата донесе одлука за намалување на цените на тестенините, а од 17 март и на млечните производи.







