Сите таксисти од денеска треба да возат со заштитни маски и ракавици и секој ден да ги дезинфицираат возилата, јави СакамДаКажам.



Град Скопје ги известил сите такси превозници дека треба да се придржуваат до овие препораки заради заштита од коронавирусот.

Известени се и сите приватни превозници на автобусите во јавниот превоз да ги дезинфицираат возилата пред да бидат пуштени во сообраќај, како што тоа се прави во автобусите на ЈСП „Скопје“.

„Инспекторите ќе контролираат дали приватните превозници и такси возачите се придржуваат кон препораките“, вели градоначалникот Петре Шилегов.