Ќе купат гуми за автобусите на ЈСП

Портпаролот на Град Скопје најави дека во тек е набавка на гуми за автобусите на ЈСП кои не се во употреба поради недостиг на гуми.



„Веќе е активна една набавка за гуми за новите градски автобуси и потоа ќе има уште една набавка, истакна портпаролот Ваљон Салиху, пренесува “Скопјеинфо“.

За расипаните автобуси, Салиху вели дека се прави пресметка со цел да се види колку ќе биде исплатливо да се поправат.