Државата да ги заштити граѓаните од нови поскапувања со тоа што ќе го помогне бизнисот преку субвенции алармираат од Пекарската индустрија.
Од Пекарската занаетчиска комора за порталот „Денар“ брифираат дека лебот во септември би можел да поскапе и за 15 %. Тоа значи дека белиот леб што сега го купуваме за 35 денари, наскоро ќе се продава за околу 40 денари.
-Не сме ние виновни за поскапувањето, бидејќи зависиме од цените на берзите. А тие, во последно време, воопшто не ни одат во наша полза. Со потегот на Русија да го напушти Договорот за извоз на украинско жито, цените на берзите скокнаа за 10 до 15 проценти.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите, но секој производител ќе може да си одлучи дали да ги покачи цените или ќе ги продава производите по исти цени“, велат соговорници за Денар.мк







