Ново поскапување на овошјето и зеленчукот. Владата остана на зборот и донесе одлука да се зголеми цената на доматите и краставиците од 70 на 95 денари за килограм. Пиперките поскапуваат за 10, односно наместо по 90 сега ќе се продаваат за 100 денари. Поскапува и кромидот, и сега ќе чини 70 денари. Според министерот за економија, сите цени на овошјето и зеленчукот, цените се ограничуваат до 100 денари, освен леќата која ќе оди за 110 денари. Во делот на овошјето, Бектеши рече дека кај нив нема да има корекции, што значи дека бананите и натаму ќе одат за 70 денари, мандарините 60, а портокалите и лимоните ќе се продаваат за 55 денари.

Бектеши е свесен дека увозниците со шлепери криеле грав, краставици, домати, и затоа на сите им порача дека заедно со инспекцијата ќе одат до крај, зашто тие биле главните виновници кои во Царина прикажувале лажани сметки и го оштетиле државниот буџет.
Бектеши вели дека ги задолжиле увозниците и трговците да набавуваат 70 отсто од прометот во јануари и февруари и ако не го сторат тоа, ќе бидат казнети според Законот за трговија.

„Контролите се во тек и нема да запрат. На лажните фактури мора да им се стави еднаш засекогаш крај. Царината веќе ги достави фактурите до нивните колеги во Турција и Грција од каде доаѓа најголемиот увоз и ако ги добиеме скоро, ќе излеземе со споредбени податоци“, вели Бектеши.
Тој е дециден дека никој не смее да крие производи во магацините. Дали некој ќе одговара за фалсификување на фактурите од увозниците, и за колку е оштетен буџетот, министерот рече дека Царина веќе работи на документацијата, вклучувајќи ги фактурите од Турција и Грција, од каде се прави најголемиот увоз.
Во меѓу време, инспекцијата е на терен и ги чешла увозниците на големо. До сега, дел од нив имале големи резерви на овошје и зеленчук и не ја почитувале владината одлука. За нив ќе има казни од 800 до 10.000 евра.





