Преку специјално видео министерките Радмила Шеќеринска и Мила Царовска се пофалија дека:
“Заедно создавале механизми за заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство”.
Тие откриваат дека посетиле припадничка на АРМ која е жртва на семејно насилство.
Но во своето видео тие не зборуваат за случајот на нивната сопартијка пратеничката Мира Стојчевска позната како Мира Дизел која што исто така е еден вид жртва на семејно насилство.
Мира Дизел денеска откри дека нејзиниот син кој е вработен во ЕЛЕМ воопшто не ја информирал дека ќе аплицира во државната компанија иако морал да знае дека со тоа ќе и направи големи проблеми на својата мајка.
Шеќеринска и Царовска не најавија ново видео од посета на Мира Дизел каде ќе ги решаваат и нејзините семејни проблеми.
Заедно создаваме механизми за заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство.@Sekerinska pic.twitter.com/5A1x0wYbf3
— Mila Carovska (@mila_carovska) February 12, 2019





