„Немам коментар” – рече Весна Дамева на прашање зошто голем дел од членовите на Судски совет денеска не беа присутни на седницата. Не беше присутен ниту Миљазим Мустафа кој ѝ поднесе претставка за разрешување на претседателката на Врховниот суд Беса Адеми зашто не доаѓала на седници. На работа не дошле ниту Лорета Георгиева, Мери Радеска, Селим Адеми, Ханиф Зендели и Сашко Георгиев.
На прашање дали отсутните денеска го оправдале недоаѓањето на седница и воопшто на работа, кога е работен ден денеска (четврток), претседателката на Судскиот совет Весна Дамева ги крена рамената и кажа:
Петмина од отсутните вчера гласаа „за” продолжување на дисциплинската постапка против Адеми затоа што не доаѓала на седниците на Советот, иако таа е само член по функција и нема право на глас, ја обвинуваа претседателката на Врховниот суд дека со тоа ги прекршила уставот и законите и покажала непочитување кон Судскиот совет.
Итната седница денеска Дамева ја закажа за спасување на предметот “Ласкарци”, затоа што судијката што го води овој предмет во Кривичниот суд, покрај Дијана Груевска, денеска дала заклетва за апелациона судијка во Скопје, место да му каже на Советот да ја одложи заклетвата дури не се изрече пресудата за предметот на 25 јануари.
Извор: СДК





