Помалку од 20 часа откако министерот за надворешни работи Никола Димитров побара од министерката за труд и социјала Рашела Мизрахи да се повлече од својата функција затоа што се залагала за користење на името Македонија без да се слика пред табла со зборот Северна доби студен туш од Холивуд.
Од местото каде што ноќеска се собрани најзначајните филмски ѕвезди и пред стотиците милиони луѓе низ целиот свет што ја следеа годинашната церемонија на доделување на Оскарите се слушна Македонија без да се чуе северна.
А тоа не го сторија членовите на екипата на македонскиот филм Медена Земја кои предходно во неколку наврати зборуваа само за Македонија без северна, туку од добитничката на оскарите во една од категориите каде што сите очекувавме Оскар за Македонија.
Откако беше објавено дека Оскарот за најдобар документарен филм оди во рацете на екипата на филмот „Американска фабрика“ една од продуцентите на филмот од продукциската куќа на Мишел и Барак Обама зборувајќи за оскарот ја споменаа Македонија без да го искористат името на кое инсистираат Димитров, Заев и другите членови на владата од редовите на СДСМ.
Продуцентката Џулија Рајхарт која досега три пати била номинирана за Оскар и е професор на универзитет точно знае кое е официјалното име на Македонија но сепак одлучи да не ја споменува насилно додадената географска одредница во уставното име.
Дали Рејхарт за ваквииот настап одлучила сама, се консултирала со американската филмска академија, со продукциската куќа на екс американскиот претседател и првата дама или пак со некој од македонската екипа во Холивуд која досега ниту еднаш не го спомена зборот Северна е прашање на кое таа допрва ќе треба да одговори.
Исто како што Димитров ќе треба да каже дали и од неа ќе бара да се извини што не го споменала зборот наметнат со насилно променетиот устав на Македонија.






