Ќе изгласа ли бугарскиот парламент нова влада

Бугарското Собрание денеска започна расправа за предлог-кабинетот на новата Влада на кандидатот за премиер Николај Габровски.



Кандидатот на ГЕРБ за премиер од говорницата на Народното собрание во обраќањето утрово рече дека „најдобра шанса да се формира влада е денес и сега, а ако ја пропуштиме ќе останеме во рацете на заткулисните договори и избори, по избори и по избори.

Наместо да се бориме со економската рецесија, безбедносната криза, кризата на вредностите и кризата на геополитичката ориентација во 2023 година, ние ќе се втурнеме во сприрала на парламентарни избори.

„Дали тоа го сакаме за Бугарија и нашите деца“, праша кандидатот за премиер Габровски.

Во салата се пријавени 228 пратеници. Иако има отсуство на 12 гласа обезбеден е потребниот кворум за гласање на владата.

Габровски и неговата предложена влада имаат поддршка од ГЕРБ-СДС, ДПС и БВ.

За да се изгласа владата потребни се 50% +1 од присутните во пленарната сала.Со пријавени 228, кворумот е 114, што значи дека кабинетот ги има сите шанси да биде изгласан, јавија софиски медиуми.