Вториот оклопен полк на копнената војска на САД од Германија би можел да виде преселен во друга европска земја поблизу до Русија, рекол шефот на Пентагон, Марк Еспер.
Според него,преговори се водат со Полска, Романија и Бугарија, како и со балтичките држави, пренесе Б92 повикувајќи се на „Спутник“.
„По потпишувањето на договорот со Полска за соработка во областа на одбраната, моите неодамнешни средби со министрите од Романија и Бугарија, како и писмата добиени од балтичките држави, се појави можноста за пренесување на Вториот оклопен полк во некоја од тие земји“, рече Еспер, говорејќи на онлајн семинар во Атлантскиот совет во Вашингтон.
Според него, овие мерки се неопходни за алијансата со цел да се „ограничи Русија“.




