Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и премиерот Заев попладнево се соочуваат со сериозен правен и политички проблем поврзан со навивачите на РК Вардар кои учествуваат во пречекот на Столе и другарите од Келн.
Огромен број навивачи кои веќе се собрани пред спортскиот центар Јане Сандански и хотелот Русија го веат знамето со ѕвездата од Кутлеш и пеат “Никогаш Северна”.

Доколку Владата го почитува законот односно договорот од Преспа таа ќе треба да ги спречи граѓаните на јавен настан организиран од македонските власти да ги користат знамињата со ѕвездата од Кутлеш.
Македонската страна со договорот прифати на јавни места да не смее да се користи овој антички симбол кој сега е во ексклузива сопственост на Грција каде е познат како ѕвездата од Вергина.

Доколку владата и МВР не интервенираат може да дојде до интервенција на официјална Атина која може да го обвини Заев за непочитување на Преспанскиот договор.
Законот поврзан со ѕвездата од Кутлеш веќе беше спроведен на ракометниот меч со Исланд минатиот месец кога неколку такви знамиња беа одземени при што интервенираше и полицијата.
Доколку Владата се обиде да интервенира вечерва и согласно законот почне да ги одзема знамињата со ѕвездата од Кутлеш можни се сериозни инциденти кои за влакно беа избегнати на мечот со Исланд кога една група навивачи одби да го предаде знамето по што настана инцидент но за среќа обезбедувањето доби наредба да се повлече.
За пеење “Никогаш северна – само Македонија” нема законски пречки но за премиерот Заев и неговата влада кој постојано го користи новото име тоа претставува сериозен политички удар.





