Ќе има војна ако се дознае вистината: Пендаровски на роднините од Монструм

Уште една шокантна изјава за начинот на кој сегашните власти а поранешната опозиција ја менаџирала кризата со убиените Македонци на Велигденскиот масакр кај Смилковското езеро.



“Пендаровски ни рече дека ако се дознае вистината за „Монструм“ може да има војна” , открива сега роднина на осудените за Монструм.

Претседателот Стево Пендаровски, тогаш дел од протестите на Шарена револуција, на роднините на осудените убијци од „Монструм“ им рекол дека ако се дознаела вистината за случајот, можно е да настанала војна, откри Бедри Ајдари, роднина на еден на осудените во вчершната емисија на „Клик плус“ на ТВ21, пренесува Република.

За време на протестите на шарена револуција во 2016 година пред Собранието се сретнавме со Стево Пендаровски, сегашен претседател, тогашен пратеник.

Го прашавме што се случува со „бомбите“ за „Монструм“. Пендаровски ни рече цитирам: „На еден состанок присуствуваше еден Американец кој ми рече дека за „Монструм“ ќе се поттикне војна, со тоа што ќе разберат луѓето кои се вистинските убијци и кои се нарачателите и виновниците. Тогаш сите заедно, и Македонци и Албанци ќе отидат пред влада и ќе има крвопролевање, затоа што ќе сакаат Груевски да го фатат за гуша и да го прашаат зошто го нарача овој монструозен чин, кој ќе доведе до војна“. Ова му го кажувам јавно на Пендаровски тука во ова студио, а можам да го кажам и било каде, рече Ајдари.

Пендаровски засега е ја коментира изјавата.