Премиерот Димитар Ковачевски најави нови економски мерки, пред сѐ, во делот на маржите и разликата во цените коментирајќи дека никој не може во време на криза да печали на грбот на граѓаните. Премиерот навести дека се јавува криза со млекото.

- – „Ќе има проблем кај млелото. Се јавува криза. Утре ќе имам состанок со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, ќе разговараме кои мерки ќе ги преземеме“, изјави Ковачевски додавајќи дека кризата е последица на војната во Украина.
Рече дека недостиг на млеко веќе има во некои региони во светот.





