Премиерот Зоран Заев најави дека ќе следува реакција на изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој говори за „Северноамакедонски политичар“ и „Северномакедонски претседател“, мислејки на македонскот претседател Стево Пендаровски.



„Секако реагираме и испраќаме нота за да може да се исправат грешките. Некогаш дури и дома се случуваат грешки. Ние сме Македонци кои што живееме во Северна Македонија, изјави Заев за Пресинг.Тв .

Заев смета дека ваквата изјава на Борисов  е грешка..

„Северномакедонскиот претседател е првиот северномакедонски политичар кои ги кажа работите на најправилен начин. Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата и автономијата на Македонија“, изјави Борисов во Сараево.

Извор: ПресингТВ