Ќе има ли време Меџити да му ги земе гласачите на Ахмети, или веќе му ги зема?

Најавата на Изет Меџити дека ќе формира нова политичка партија која уште од старт ќе брои најмалку тројца пратеници и која би можела да повлече и уште неколкумина народни претставници од редовите на ДУИ, очигледно му ги замати плановите на Али Ахмети, па како што се зборува во партиските кругови, првиот човек на интегративците веќе цела недела крои нови планови и политики за тоа како максимално да го амортизира ударот што му го подготвува неговиот довчерашен сопартиец.



Еден од плановите на Ахмети за кои најгласно се зборува е иницирањето предвремени парламентарни избори со цел да се пресретне Меџити во етаблирањето и консолидацијата на новата политичка партија и на тој начин да се ублажи загубата на гласови што би се слеале од ДУИ во новиот политички субјект.

– Ахмети сериозно размислува да иницира предвремени парламентарни избори само за да го пресретне Меџити, односно да го начека неподготвен и на тој начин да спречи големо слевање на гласовите од ДУИ во новата политичка партија. Секако, ваквото сценарио е во игра само доколку не биде успешно обезбедувањето двотретинско мнозинство за уставните измени. Како и да е, сѐ ќе биде јасно уште во август – брифираат извори од владината коалиција.

Линк до целата анализа на Плус инфо.

https://plusinfo.mk/novata-politichka-parti-a-nema-da-ima-vreme-da-se-konsolidira-kakva-u-durma-mu-smisluva-ahmeti-na-me-iti/