Ќе има ли референдум за дигитализација на учебниците!

Граѓанската иницијатива за распишување на референдум за одлучување на државно ниво доставена преку Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ е на дневен ред на Законодавно-правната комисија и на дневен ред на Комисијата за политички систем.



Во согласност со Уставот и законите, изјавија Родителите при поднесувањето на Иницијативата, велат дека ќе соберат 10.000 потписи за поддршка на иницијативата за распишување на референдумот.

Родителите бараат можност за референдумско изјаснување во врска со најавениот процес на дигитализација во образованието, односно  изјаснување на граѓаните околу Предлог-законот за дигитализирање на учебниците во основните и средните училиштата.