Министерката за труд и социјална политикa, Јованка Тренчевска, најави дека денеска стартува со работа Работната група за измени или ново законско решение за пензиско и инвалидско осигурување за минимална пензија и социјални мерки за пензионерите со ниски пензии.
„Ќе се разгледуваат сите пристигнати предлози од здруженија на пензионери, од иницијативни одбори на пензионери кои протестираат, Партија на пензионери и други чинители“,најави синоќа во гостување на МРТВ1.-
Според министерката, секоја политика која нема да биде добра и која ќе оди на товар на буџетот на Фондот, како што рече, ќе го зголеми дефицитот на пензискиот систем.
„Затоа сме насочени кон добри политики и мерки кои ќе го задржат пензискиот систем стабилен и за овие 336.000 пензионери и за идните генерации пензионери“, истакна Тренчевска.
Министерката рече дека ќе се креираат мерки во чиј фокус ќе бидат пензионерите со пониски пензии, како и оние кои живеат сами.






