Не е исклучено одново воведување полициски час, а оваа можност неделава ќе ја разгледува Комисијата за заразни болести, дознава Канал 5.
Воведувањето на оваа мерка зависи и од тоа дали бројката на заразени од Ковид-19 ќе расте и каков ќе биде капацитетот на новите ковид центри во интерните клиники.
Микробиологот Никола Пановски за Канал 5 изјави дека е потребен полициски час со цел да се намалат бројкте, бидејќи загрижувачки е трендот на починати,м а прашање е и дали и колку ќе издржат здравствените работници во овие услови.
„Треба полициски час, барем две недели. Сепак имаме движење на малдата популација. Требаше и порано. Јас уште во август реков да се воведе на старот на есента“, вели микробиологот Никола Пановски за Канал 5.




