Ќе има ли мини реконструкција на Владата!?

Покрај најавената оставка на министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, најавена за неделава, можна е мини-реконструкција на Владата откако се појавија информации дека „заминуваат“ односно ќе бидат сменети и други министри.



Имено, можна е смена на министерот за здравство Беким Сали, но се зборува дека на листата се и министрите за информатичко општество и администрација и за транспорт и врски, Адмирим Алити и Благој Бочварски, дознава МКД.Мк.

Милевски смета дека на негово место министер за локална самоуправа треба да биде поставен кадар од Либерално-демократската партија.

Адмирим Алити, министерот за информатичко општество и администрација деновиве е актуелен со новите проценти во „балансерот“ и кревање на процентот на Албанците на 31,54 % и покрај укажувањата на Државниот завод за статистика дека треба да се пресметуваат процентите само на резидентното население, а не и на дијаспората.

Министерството за транспорт и врски водено од Благој Бочварски веќе подолго време има проблем со реализацијата на големите инвестициски проекти, главно автопатиштата Кичево-Охрид, Скопје-Блаце, железничката и патна инфраструктура со Бугарија…