Претставници на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска во Собранието ќе остварат средба со пратеници од политичките партии Алијанса – Алтернатива, ДУИ и Левица, на која ќе се разговара за потребата со широк консензус да се усвои резолуцијата за македонските државни позиции во однос на евроинтеграциите и непринципиелните негаторски позиции на Бугарија.
Од ВМРО-ДПМНЕ на средбите ќе бидат присутни координаторот на групата Никола Мицевски и пратеникот Антонио Милошоски, а соговорници ќе им бидат колегите Халил Снопче, Арбр Адеми и Димитар Апасиев.






