“Должен како Грчка” а ја купува Соравиа
–
ДРИН АХМЕТИ плаче за финансиска истрага за потекло на имотот гледајќи дека фирмата Тхор од ден на основање 2020 до денес е во долгови.
Ова е Твитот на денот во кој се објавуваат докази дека внукот на Али Ахмети кој го купи ексклузивниот и скап трговски центар Соравија во центарот на Скопје од основањето на фирмата бил во долгови а пред две години преку извршител му бил блокиран имот заради долг од 150 илјади евра.
Според документите Дрин Ахмети кој што е сопственик на двете фирми, сам на себе си дава хипотека за компанијата Тхор да земе кредит од 150.000 евра.
Една година подоцна, Тхор ја купува Соравиа.
Авторот на твитот познат како Демир или Троловски според досега објавените информации е еден од најдобрите познавачи на правосудно-политичко-криминална сцена во Македонија кој има блиски односи со повеќе западни амбасади во Скопје.
“Должен како Грчка” а ја купува Соравиа
–
ДРИН АХМЕТИ плаче за финансиска истрага за потекло на имотот гледајќи дека фирмата Тхор од ден на основање 2020 до денес е во долгови.— Демир (@Trollowsky) June 24, 2023






