Ако се следат принципите според кои функционира шефот на државата при носење на контроверзни закони од највисока важност и Изборниот законик со кој изборот на ДИК се врши со просто мнозинство а не 81 пратеник може да остане само на хартија.
Овој закон како и претходно блокираните два кои се донесени по скратена постапка со злоупотреба на ЕУ знаменце и исклученост на опозиција за што не е обезбеден поширок национален консензус веројатно е да ја доживее судбината на законот за двојазичност и Преспанскиот договор.
Претседателот Иванов до петок е во официјална посета на Молдавија и засега од неговиот кабинет нема никаков коментар за законот.
Вообичаено претседателот Иванов во вакви ситуации преку официјална реакција до Собранието и соопштение ја информира јавноста за неговата одлука дали ќе стави потпис на указот со кои се прогласува законот за важечки
Доколку реши повторно да го врати на доработка Собранието може да го изгласа повторно но без двотретинско мнозинство тој нема обврска да го потпише.






