Граѓаните ќе се соочат со високи цени за парното греење, доколу не се поставата цевките на постот „Беласица“ кој беше опожарен пред повеќе од три месеци , предупреди првиот регулатор Бислимовски.
Првиот човек на РКЕ вели дека стои на ставот дека одлука за нова цена на парното нема да се носи додека надлежните не ги постават новите цевки, за да може да се користи енергијата од ТЕ-ТО, која е поевтина од другiте топлани.
Додека не добиеме цврсто убедување дека ќе се постави, нема да има одлука. Доста беше заради нечии преписки тоа да оди на грбот на граѓаните“, вели претседателот на РКЕ.
Тој не сакаше да открие дали при носењето на новата одлука парното би поскапело. Но уверува дека нема да дозволи ценовен шок.
Додека не се донесе нова цена граѓаните ќе ја плаќаат старата. ќ
Сепак, непоставувањето на топловодот под мостот „Беласица“ може да предизвика „ценовно цунами“ за над 60.000 корисници на парно греење во Скопје.






