Администрацијата предводена од СИРИЗА ќе обезбеди 151 глас колку што се потребни за прифааќање на Договорот за името потпишан помеѓу Атина и Скопје во текот на летото, убеден е портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос.
Во денешното интервју за радиото 24/7 портапролот рекол дека во случај партијата „Независни Грци“ (АНЕЛ) да ја напушти коалицијата поради несогласувањето со договорот, Грција ќе биде доведена во ситуација да има малцинска влада.
Шефот на АНЕЛ и министер за одбрана, Панос Каменос, постојано предупредува дека ќе ја повлече својата поддршка ако договорот стигне на ратификација во парламентот.
Сепак, Каменос нема да гласа за недоверба на владата ако конзервативната опозициска Неа демократија поднесетакво барање, пишува „Катимерини“.
Ѕанакопулос рече дека очекува договорот да помине со поддршка од пратениците од центристичката партија „Потами“.




