Неколку часа откако министерот Маричиќ негираше дека забранил употреба на зборот Македонија при регистрација на организации, луѓе кои имале негативно искуство на оваа тема со министерството за правда реагираат дека политичарот на СДСМ не ја говори вистината.
На социјалните мрежи дополнително се појавија документи потпишани од Маричиќ на кои јасно се гледа дека се забранува користењето на зборот Македонија.

Во соопштение испратено до државната агенција МИА демантира дека било забрането користење на Македонија.
По објавените документи останува да се види дали Маричиќ ќе им се извини на медиумите кои ги обвини за ширење лажни вести.
Маричиќ ги обвини медиумите дека лажат за забраната на “Македонија”
Последна вест
За вработените има видео, за граѓаните јок
Снегот снежи, не работат камерите на патарините и граничните премини






