Ќе го задржи ли Макрон мнозинството во парламентот!?

Сојузниците на претседателот Емануел Макрон сакаат да го задржат мнозинството во парлементот за што „пресудни“ се утрешните избори, но се повеќе се загрозени од новата левичарска коалиција.



Французите за тоа ќе одлучат изборите за 577 места во Долниот дом на Националното собрание кои се одржуваат во два круга, а изгледот на новиот парламент ќе биде јасен дури по вториот круг, една недела подоцна, на 19 јуни.

Изборите ќе ги заокружат претседателските избори во април на кои Макрон беше реизбран ветувајќи нова ренесанса бидејќи неговиот прв мандат беше обележан со протести, пандемијата на Ковид-19 и руската инвазија врз Украина.

Ако претседателската алијанса „Заедно“ задржи мнозинство, ќе може да продолжи да владее како порано.

Доколку не успее, може да доведе до коалиција со други партии од десницата и несакана реконструкција на владата.

Победата на левичарската коалиција би била катастрофа за Макрон и би го разбудила демонот на тешката „кохабитација” кога премиерот и претседателот се со различни политички ориентации, што ја парализирало француската политика во минатото.

Од 577 членови на Националното собрание, осум ги претставуваат француските прекуморски територии и 11 – француските државјани кои живеат во странство. Партијата на Макрон и нејзините сојузници во моментов имаат апсолутно мнозинство од 345 места.

Неодамнешната анкета на Ипсос покажува дека коалицијата на Макрон ќе добие 275 до 315 пратенички места, што значи дека апсолутното мнозинство во никој случај не е загарантирано, за што се потребни 289 пратеници. МИА