Ќе го врати ли Перо Антиќ името на КФМ?

Откако министерот за надворешни работи Бујар Османи го одби грчкото барање Фудбалската федерација на Македонија да го смени своето име во Федерација на С. Македонија стана јасно дека Кошаркарската федерација на Македонија немала обврска да го менува своето име.



Според Османи ФФМ нема обврска да го менува своето име поради Преспанскиот договор што значи дека истото важи и за КФМ.

Со позицијата на Османи се комплицира ситуацијата на претседателот на кошаркарската федерација Перо Антиќ кој немал потреба да го менува името на федерацијата со додавање на Северна.

Тој сега со дипломатската позиција на МНР може во рок од неколку денови да започне иницијатива за враќање на старото име Кошаркарска федерација на Македонија и да ја информира светската асоцијација ФИБА дека во употреба ќе биде кратенката КФМ а не КФСМ која го содржи зборот Северна.

Кошаркарската федерација е единствената од големите спортови која го додаде зборот Северна во своето име кога претседател стана Антиќ.

Со старите имиња покрај фудбалската функционираат и ракометната и одбојкарската федерација кои ги водат Живко Мукаетов и Петар Јовановски.

Последна вест

Уште 72 часа

Мицкоски со таинствена најава: Датумот е 16 Јуни