Специјалното јавно обвинителство води предистражна постапка за случајот „Скопје 2014“ која ја опфаќа и реконструкцијата на Албанскиот театар во Скопје.
Предметот е обезеден и превземен од редовното обвинителство, а од СЈО за Алсат-М посочуваат дека случајот е во завршна фаза. Дополнително, министерството за култура до СЈО ќе испрати и посебна анализа на реализицаијата на реконструкцијата на објектот.
Во извештајот кој веќе е и јавно достапен, нотирано е дека за санацијата досега се потпишани договори во вредност од 10 милиони и 600 илјади евра. Првичниот договор бил потпишан со вредност од осум милиони евра со фирмата „Ламоне Мореда“. Потоа реконструкцијата ја презема италијанската „Шенција“ која ја купува „Ламоне Мореда“.
„Со Договорот е утврдено дека „Ниту една договорна страна нема право своите обврски да ги пренесе на трета страна без взаеман писмена согласност. Ова се однесува и на ситуацијата кога се склучува договор со подизведувач и кога се прави договор за продажба на сопственост врз некоја од страните. Според наодите, оваа одредба од Договорот е прекршена со склучување на договор на изведувачот со подизведувачот без претходна согласност од нарачателот, како и со продажба на договорот бо наводна стечајна постапка врз изведувачот во Италија“, се вели
во извештајот на 30 страни.
Реконструкцијата пред 5 години ја најавија експремиерот Груевски и ексминистерката Канчевска.
Целата информација на Алсат-м на овој линк





