Пратеникот Антонио Милошоски вчера предложи Собранието да усвои декларација како одговор на бугарскиот документ со кој официјална Софија се обидува да испрати „слика“ во ЕУ дека Македонија е „титова творба“, дека македонскиот јасзик постоел од „2.авгруст 1944“ , дека во Македонија биле убиени 230.000 Бугари, односно 100.000 завршиле во коцентрациони лодгори.,
„Европа и нејзиното мото обединети во различностите би требало да важи и за Македонија и сметаме дека за тие прашања не би требало да има преговори, напротив тие прашања треба да бидат поддржани од сите политички партии дека не треба да се преговара. Мислам дека би било добро Собранието, како контра одговор на бугарското национално собрание, да усвои една заедничка декларација, во којашто идентитетот на македонскиот народ, посебноста на македонскиот јазик и сите други културни и национални обележја би биле заеднички потврдени и со самото тоа афирмирани како дел од европските вредности на културните и националните идентитети на овој континент“, пообара Милошоски.
Како претседател на Комисијата за надворешна политика, ќе се обиде да го отвори прашањето, но се сомнева дека власта ќе прифати.
И покрај тоа што Софија со меморандумот му нагласува на Брисел дека ќе нѐ блокира на европскиот пат сѐ додека сметаме дека таму има македонско малцинство, од МНР очекуваат дека Бугарија ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство.
Македонија засега не реагира на скандалозниот меморандум.. Од Министерството за надворешни работи велат дека до нив не стасал никаков документ за каков што се тврди во јавноста дека Софија го испратила до Брисел и дека очекуваат поддршка, а не блокади од Бугарија на патот кон ЕУ.
Од МНР велат дека не знаат за бугарскиот меморандум.
„Ние немаме таков документ, не е доставен до нас и не знаеме дали е автентичен. Ако е, тоа е интерен документ меѓу Бугарија и Европската Унија. Тие преку такви нон-пејпер документи разговараат додека ја формираат преговарачката рамка што се подготвува за нашата земја. Ние очекуваме дека Бугарија ќе остане на ставот дека ќе го поддржи почетокот на преговорите за членство во ЕУ и не се очекува да го попречува. Очекуваме да ја добиеме поддршката и преговарачката рамка“, велат од МНР.





