(Ќе) го молат Столтенберг уште една година да го води НАТО

Се очекува да биде побарано од Јенс Столтенберг да остане на функцијата генерален секретар на НАТО уште една година, откако алијансата се најде на маки да најде негова замена пред самитот на Алијансата во средината на јули во Вилнус, Литванија.



Столтенберг, Норвежанец кој помина девет години на функцијата и треба да се повлече на крајот на септември, има широка поддршка меѓу алијансата и продолжува да биде ефективен лидер, изјави извор кој побара анонимност, за Ројтерс.

Во моментов, се чини дека нема консензус во алијансата за негова замена.

Полска го условува изборот на нов ген-сек на НАТО: Мора да е од Исток!

Столтенберг е на функцијата од 2014 година. Неговиот втор мандат требаше да заврши во септември 2022 година, но беше продолжен за една година поради војната на Русија против Украина. Тој изјави дека нема намера да се кандидира за нов мандат.

„Администрацијата на американскиот претседател е се поблиску до идејата дека Столтенберг ќе остане на својата функција уште една година“, изјавил за агенцијата американски функционер кој сакал да остане анонимен.

Кој и да ја преземе понатаму функцијата генерален секретар на НАТО ќе мора да го одржи единството на членките на Алијансата за поддршка на Украина, од една страна, а од друга страна, да спречи ескалација што на краток рок би довело до војна со Русија.