Уставот, како највисок правен акт на Македонија е донесен на 17 ноември 1991 година и досега има претрпено осум измени со 36 амандмански интервенци.
Денеска во собраниска процедура влегува предлогот на Владата за нова деветта измена на Уставот, со цел во Преамбулата да се внесат и бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, еврејскиот и египќанскиот народ.
Првите измени на Уставот се усвоени на 6 јануари 1992 година со донесување на Амандманите I и II. Со нив се утврдува дека државата нема територијални претензии кон соседните држави и нема да се меша во суверените права и внатрешните работи на други држави.
Следеа измени на Уставот беа направени и во 1998, 2001, 2003, 2005, 2009, 2011
Последните уставни измени беа направени на 11 јануари 2019 година кога во законодавниот дом беа усвоени амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV, XXXVI на Уставот со кои се промени името на државата од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“, на правени се промени во Преамбулата, се гарантира суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и грижата за дијаспората.






