“Ќе го јадеш немиен”: Член на СДСМ вработен во општина му се заканува на новинар

Член на СДСМ и вработен во општината Ѓорче Петров по име Горан Трипуновски јавно му се заканува на новинарот Бранко Героски откако тој предупреди дека на Македонија и се случува предизборен поткуп од СДСМ и ДУИ и им порача на граѓаните да ги искористат подароците од власта но да гласаат за кого сакаат на локалните избори.



Трипуновски во јавен коментар на Фејсбук на Героски му порачува дека “Ќе го јаде немиен” што во скопскиот жаргон има и сексуална конотација но пред се означува најава дека новинарот ќе се соочи со реваншизам или одмазда.

Трипуновски кој самиот објавува дека е вработен во општината Ѓорче Петров на својот фејсбук профил постојано споделува активности на градоначалникот од СДСМ Наумовски а се чекирал и во седиштето на СДСМ.

Засега во МВР нема формална пријава за заканата кон новинарот но министерот Спасовски или јавното обвинителство може сами да покренат случај за заштита на новинарот кому му е и упатена заканата.

Цели 24 часа по заканата ниту од СДСМ, ниту од градоначалникот Наумовски, ниту од општината Ѓорче Петров нема извинување или санкции за нивниот член и вработен кој се заканува на новинари.
Што напиша Героски

Героски со препорака до тие што СДСМ и ДУИ сакаат да ги корумпираат

Последна вест

Страв од доаѓањето на Талибанците

Најтажниот твит на денот ја опишува состојбата пред падот на Кабул