Ќе гласате ли за „школуваните дрва“ во недела?

Актерот кој е познат критичар на власта, Сашо Тасевски се јави со коментар по повод новата изјава на Петре Шилегов за „школувани дрва“. Тој сатирачно вели дека школувано дрво е кога твоите даваат пари за да те школуваат, ти се школуваш, дипломираш, а сепак остануваш дрво.



Ви го пренесуваме во целост ФБ статусот:

Конечно признаа дека се школувани дрва. Шилегов си кажува искрено ако фрли две три ракиичиња мегу два митинга. Школувано дрво е кога твоите даваат пари за да те школуваат, ти се школуваш, дипломираш, а сепак остануваш дрво. Дрво неделкано.

И сега, како школувано дрво ако дојдеш на власт, тебе ти е супер, пошо си дрво, ама на останатите не им е баш пријатно. Оти школуваните дрва кога владеат, како што е кај нас, сакаат сите останати да ги направат школувани дрва. Па ги школуваат преку дигитални учебници и показна сексуална настава во извиднички камп, а ма книги од хартија не им даваат да допрат. Зашто и хартијата се прави од дрво. А тие бидејќи се дрва, мразат книги од хартија, што е логично.

И сега, да прашам, ќе гласате за школуваниве дрва во недела или доста ви е од тоа дрва да ве владеат? Па нека се и школувани пишува Тасевски.