Хрватска донесе измени на Законот за социјална заштита, кој предвидува дека државата автоматски ќе става заложно право на сите имоти во сопственост на примателите на социјална помош.



Индекс.хр пишува дека тоа предизвика некои „социјалци“ да ги повлечат своите барања за помош во страв да не ги загубат своите домови.

Министерот за труд и социјална политика Марин Пилетиќ вели дека таквата мерка е всушност гаранција дека државата Хрватска „во случај на наследство или продажба на недвижен имот ќе ѝ биде вратено она што го добивале на корисниците на социјална помош“.

Тој вели дека законска обврска е да се помага и да се издржуваат родителите или членовите на семејството и дека не може да се очекува некој што не сакал да помогне во текот на својот живот, подоцна да го наследи имотот (на примателот на социјална помош) и да го продаде за своја корист.

Корисните немаат никаков ризик државата ќе им направи нешто лошо за време на нивниот живот или додека примаат надомест“, рече тој.

Најмалку 530 граѓани се откажале од барањата за социјална помош бидејќи за возврат морале да се согласат државата да стави залог на недвижностите, пишува порталот.

Ова е одредба од новиот Закон за социјална заштита, кој стапи на сила на 1 јануари 2023 година, а подрачните служби на Заводот за социјална работа масовно почнаа да ја спроведуваат.