Ќе ги собере ли сите херои од Келн на бината на Шилегов?

На фотографијата левата слика е од прославата во 2017 а десната од бината која се поставуваше денеска.



По неколкукратното одложување на летот Келн – Скопје по што наместо во 17.30 ракометарите на Вардар на плоштадот Македонија во Скопје ќе бидат по 22 часот, се појави нов проблем со пречекот на европските шампиони.

Голем дел од граѓаните забележуваат дека бината која е поставена на невообичаено место е премногу мала и дека нема да може да ги собере сите играчи и стручен тим на Вардар.

Градот Скопје објави дека за прославата и пречекот на Вардар ќе потроши 36,000 евра.

Како беше во 2017 година за првата титула европски првак на Вардар во видеото