Ќе ги скријат ли СДСМ и ДУИ своите скандали со активирање на дежурниот кривец за сѐ

Додека голем дел од јавноста очекува истраги дури и можен притвор за Рамиз Мерко, Ратко Капушевски, Артан Груби, Дрин Мехмети и други лица за кои има сериозни индиции за незаконско работење власта со политички мотивирани одлуки на судовите повторно го апси Миле Јанакиески.



Јанакиески кој веќе 4,8 години е во притвор
токму денеска кога Дрин Ахмети сам побара истрага за Соравија, доби потврда од Апелација дека е правосилно осуден на 3,5 години затвор.

Сите други осомничени во предметот Титаник добија условна казна иако Јанакиески е дури червртоосомничен.

Јанакиески според одлуката на судот треба да оди веднаш на одлежување на казната иако според секоја логика треба да остане дома затоа што веќе има поминато 60 месеци во домашен притвор.

Судот кој донесол одлука Јанакиески да оди веднаш в затвор или однапред знае дека Јанакиески ќе биде осуден за другите предмети или ризикува тој да помине подолго време в затвор/притвор од добиените казни за што државата треба да плаќа пенали.

Одбраната на Миле Јанакиески веќе упатила барање за засметување на времетраењето на притворските казни од 4.8 години во казната затвор од 3.5 години.

Барањето е упатено до Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд во Скопје кој ако се суди според предходните однесувања ќе го следи политичкиот интерес на власта и ќе донесе одлука по која СДСМ и ДУИ ќе излегуваат на прес конференции и ќе тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија.