Ќе гаснат ли руски авиони пожар во членката на НАТО Македонија?

Доцна вечерва премиерот Заев објави дека преку српскиот претседател Вучиќ од Србија ќе стигнат авиони за гаснење пожар, исти такви кои Македонија ги има но не се сервисирани за 400 илјади евра.



Предходно пратеникот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоиљковиќ објави дека Македонија треба да се обрати до Рускиот хуманитарниот центар за елементарни непогоди во Ниш за да добие помош.

“Упатувам отворен АПЕЛ до Владата на Република Македонија веднаш да се обрати до Српско-рускиот хуманитарен центар со седиште во Ниш, кој ги има сите капацитети истиот момент да тргне во гаснењето на пожарите во нашата држава, особено во општините Старо Нагоричане и Кочани каде што ситуацијата е драматична и се заканува да предизвика човечки жртви и огромни материјални штети. Не треба да се чека ниту еден момент. Бидејќи во моментов сум во Белград, се ставам на располагање да го сторам тоа лично, истиот момент кога надлежните органи од Македонија ќе упатат такво барање. Во мегувреме може дополнително да се направат некои работи, но секако потребно е одобрение од Владата да може посериозно да се делува”, објави Стоиљковиќ.

Заев во изјавата не кажа дали авионите што од Србија ќе дојдат во земја членка на НАТО се од Рускиот хуманитарен центар во НИШ.