Али-пашината џамија во Охрид ќе се отвори во четврток најавија од Исламската верска заедница на официјалната фејсбук страна.
„Џамијата датира од 15-16 век и се наоѓа во старата чаршија на градот Охрид на патот што води кон езерото во близина на познатиот чинар“ стои во соопштението во кое се повикуваат верниците да бидат дел од манифестацијата.
И покрај тоа што нема повеќе детали за отварањето на џамијата, летово од страна на турската амбасадорка Тулин Еркал Кара беше највено дека на свеченоста ќе присуствува турскиот претседател Ердоган бидејќи обновувањето на џамијата бил сон на претседателот Ердоган, потсети Сител.
За време на три годишната изградба, граѓани алармираа дека наместо да се заштити како споменик на културата, тој противзаконски и без соодветна дозвола и документација се доградуваше со минаре и придружни објекти во дворот.





